(Видео) Мили ја сними јахтата на Абрамовиќ на која ѝ се изгуби секаква трага по санкциите врз рускиот милијардер

Српскиот композитор Александар Милиќ Мили, ја сними огромната супер јахта на Роман Абрамовиќ, на која ѝ се изгуби секаква трага, откако милијардерот беше погоден од санкции од страна на Европската унија поради руската инвазија врз Украина.

Абрамовиќ од февруари се соочува со разни предизвици, поради руската инвазија. Бројни руски олигарси претрпеа разни санкции поради руската инвазија на Украина, но, нивните луксузни јахти и понатаму пловат.

Откако ѝ се изгуби секаква трага и сите се прашуваа каде Абрамовиќ ја има скриено, Мили ја сними јахтата на Русинот на југот на Турција каде тој е на одмор со семејството.

Додека пловел тој ја виде, ја сними и ја сподели на „Инстаграм“.

„Еклипс“, јахтата која Абрамовиќ си ја купи за роденден во 2010 година, е втората најголема јахта во светот. Има различни проценки за тоа колку навистина вреди. Некои сметаат дека чини од 340 милиони, па преку милијарда евра.

Во моментот кога Абрамовиќ ги доби клучевите, таа беше најголемата на светот. Нејзината изградба го чинеше 400 милиони евра, но како се додадени сите луксузни и безбедносни делови, сигурно вистинската цела е далеку поголема.

Scroll to Top