(Видео) Мистериозна црвена светлина забележана на Пацифичкиот Океан

Мистериозни црвени светла во Пацифичкиот Океан ги збунија корисниците на Твитер кои откако ја објавиле снимката изнеле разни толкувања – од вонземјани, преку подморски вулкани до фудбалски навивачи со факел, но на крајот,  точниот одговор дошол од Нил Јакобс, експерт за временско моделирање.

„Немавме поим што гледаме. Се шегувавме, погодувајќи дека сме среде некоја воена вежба“, рекол Магард, кој на крајот дознал од Јакобс дека ги набљудувал најобичните комерцијални рибарски чамци.

Имено, многу рибари користат црвени LED-светла бидејќи привлекуваат риби, а информациите од веб-страницата globalfishingwatch.org потврдија дека Јакобс навистина бил во право.

Таму било можно дури и да се најдат точните називи на сите пловни објекти кои се наоѓале под леталото во тој момент, а интересен факт открил дека овие светла понекогаш може да се видат дури и од Меѓународната вселенска станица.

Scroll to Top