(Видео) Младоженец го удри гром на сопствената свадба во Кина

Младоженец загина од гром на сопствената свадба во провинцијата Јунан во Кина. Тој починал на лице место додека се фотографирал со својата свршеничка на популарното место за свадби Jade Dragon Snow Mountain.

Според тамошните медиуми, пред свадбената церемонија, невестата и младоженецот биле на фотографирање на Спреус Медоу, познат по прекрасниот поглед на планинските врвови, кои и среде лето се покриени со снег. Времето било облачно и врнело, но не се очекувало невреме во следните половина час.

Само 30 минути пред инцидентот, метеоролозите издале предупредување за областа дека за еден час ќе има грмотевици, па младенците побрзале да се фотографираат пред да почне невремето.

Фотографите ја изнеле двојката на ливадата, ги наместиле да се фотографираат и одеднаш почнало да светка, а една од искрите директно го погодило младоженецот. Тој паднал на земја, додека присутните меѓу кои и невестата почнале панично да врескаат и да повикуваат.

Екипата на локалната брза помош брзо пристигнала и го пренела младоженецот во болница. Таму, сепак, лекарите не можеле да му помогнат и констатираат смрт.

Еден од присутните гости на свадбата за локалните медиуми изјавил дека сите се во шок.

„Тој ден од пладне врнеше дожд. Бев со другите гости во свечената сала, кога околу 13 часот и 30 минути слушнав и видов силен гром. Потоа, некои од гостите кои беа надвор во паника врескаа’, рекол гостинот.

Scroll to Top