(Видео) Музичари од цел свет ја пееја „Море сокол пие“ во шоуто на Зоран Кесиќ

Бенд од музичари од цел свет гостуваа во популарната емисија „24 минути“ на познатиот водител Зоран Кесиќ, каде ја изведоа македонската традиционална песна „Море сокол пие“.

Интресна најава направи водителот Кесиќ, кој прво ги праша од каде сè доаѓаат, а потоа и со што ќе се претстават вечерта. Кога му одговорија дека ги има од цел свет и дека ќе ја препејат „Море сокол пие“, Кесиќ само коментираше: „А  што друго Србите, каталонците, Шпанците, Италјанките, Украинците и Грците би свиреле ако не македонска песна“

„Традицијата на Македонија е собрана во една приказна, една песна, една емоција“, објаснува Маргерита од бендот зошто баш се одлучиле за песната „Море сокол пие“.

 


„Инспирирани од природата со која бевме опкружени и концертот чија енергија ни остана во сеќавањата, поврзавме три балкански земји во една приказна. Старата изрека вели: „Низ Босна не пеј, низ Србија не играј, а низ Македонија ниту пеј ниту играј“. А сепак еден нов поглед на стара љубов, карактеристика на оркестарот закотвен во градот на Гауди. Двете страни на езерото Скадар низ призмата на македонскиот сокол“, рече Маргарита.

За потсетување, бендот досега има над 1.000 концерти. На интернет имаат преку 70 милиони прегледи и повеќе од 130.000 следбеници на „Јутјуб“.

Маргерита Абита (вокал, Италија), Матиа Скироса (хармоника, Италија), Џулиен Шанал (гитара), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Дани Карбонел (кларинет, Каталонија–Шпанија) и Олесандр Сора (виолина, Украина)/Пере Ноалск Туру (виолина, Каталонија – Шпанија), пред неколку месеци ја објави преработката на „Море сокол пие“.

Scroll to Top