(Видео) На Хари Стајлс му фрлија шише меѓу нозете додека пееше на концерт во Чикаго

Пејачот и актер Хари Стајлс беше погоден меѓу нозе со шише кое излета од публиката за време на неговиот концерт во Чикаго. Додека неговата реакција ги насмеа сите присутни, Хари Стајлс најпрво се виткаше од болка, па му требаше време да се опорави. Потоа им се обрати на присутните. „Па, ова е незгодно“, рекол воздивнувајќи во микрофонот. По неколку моменти, тој почнал да скока и да се тресе со нозете за да се врати во нормала, а потоа се пошегувал и со пискав глас им се обратил на присутните. По овој инцидент продолжил со концертот, а видеата ги преплавија социјалните мрежи

 „Сега го сакам уште повеќе“ – беа дел од коментарите на обожавателите. На пејачот не му се случува првпат вакво нешто, па не е ни чудо што тој веќе сè сфаќа на шега. Во текот на летото, на еден од концертите, го удриа со пилешко, односно парче пржено месо, па дури и му скандираа да го јаде.
„Многу интересен пристап. Кој ја фрли „кокошката “, праша Хари тогаш. Тогаш публиката почна да скандира „јади, јади“. Сепак, Хари учтиво ги потсети присутните дека воопшто не јаде месо и го фрли назад во публиката.

Scroll to Top