На 21 годишната манекенка од OnlyFans Кине Чан ѝ беше забрането да влезе во авион, откако на аеродромот Навегантес во Бразил се појавила полугола. На себе имала само црно бикини, тиркизна перика и црни сандали. Персоналот ѝ рекол дека облеката ѝ е несоодветна и дека не може да се качи.
Чан е креатор на содржини на платформата OnlyFans и планирала да лета на настан на кој требало да глуми анимиран лик. За искуството и инцидентот на аеродромот сподели и на „Тикток“.
View this post on Instagram
„Бев вознемирена и многу нервозна откако излегов од аеродромот. Отидов на настан каде требаше да играм анимиран лик, но не сакаа да ме пуштат да се качам на авионот поради облеката што ја носев. Рекоа дека не е соодветна, па го пропуштив летот. Сакав да одам директно од аеродром на настанот, но очигледно не можете да бидете маскирани во авион. Тоа е, го пропуштив летот ѝ ги изгубив парите од билетот“, рече Чан.
@rawaf_sa ايش فهمتوا من المقطع ؟ 😂 #اكسبلور #روبلوكس #roblox #mm2 #ماب_البيوت #roblox_روبلوكس #وزينو #brockhaven ♬ Use this sound if you like big oily juicy men – ㅤ
Чан била облечена исто како измислениот лик Ребека од анимираната серија на „Нетфликс“, Cyberpink: Edgerunners. Фановите ѝ коментираа дека била вулгарно и немала почит кон другите патници.
Сè уште вознемирена, инфлуенсерката се огласи и на „Инстаграм“ каде има 612.000 следбеници.
„Викендов ми се случи многу непријатна ситуација. Се обидов да се качам во авионот на аеродромот Навегантес облечена како Ребека за настанот. Но, ми рекоа да одам дома ѝ да се пресоблечам бидејќи тоа што го носам не е соодветно. Им објаснив дека одам на настанот, но сепак не ме пуштија да влезам“, рече Чан.