(Видео) Најдобрата канадска тенисерка Бјанка Андреску поради повреда го предаде мечот

Поранешната шампионка од САД опен, Канаѓанката Бјанка Андреску поради повреда на скочниот зглоб предвреме го предаде мечот на Русинката Екатерина Александрова, на турнирот во Мајами.

Откако ѝ беше дадена медицинска помош, Бјарнка го напушти теренот во инвалидска количка. Беше приморана да излезе на резултат 2:0. Лекарите ѝ констатираа повреда на левиот скочен зглоб, по што рекоа дека беше невозможно да го продолжи натпреварот.

Scroll to Top