(Видео) Наполитанци со песна му одадоа почит на легендарниот Диего Марадона

Тројца оперски пејачи среде Неапол вчера му оддадоа почит на фудбалската легенда Диего Марадона кога се одбележа и двегодишнината од смртта на фудбалерот.

За Аргентинците и Наполитанците, Марадона е Бог. Во градот тој си има свое катче каде што има голем мурал од него. По неговата смрт тоа стана место каде што луѓето му изразуваат почит.

Синоќа се собраа стотици луѓе, а најголеми беа емоциите кога тројца пеачи почнаа песна за Марадона, па останатите продолжија.

Scroll to Top