(Видео) НАСА објави видео од Македонија кое го сними од вселената

Од Американската вселенска агенција НАСА објавија видео со кадри од Преспанскиот Регион и од Охридското и Преспанското Езеро снимени од вселената.

Кадрите беа снимени од Меѓународната вселенска станица на НАСА, која се наоѓа на 260 милји, односно 420 км над планетата во ниска земјина орбита.

За потсетување, потребни се 90 минути за Меѓународната вселенска станица да направи круг околу Земјата. За тоа време поминува во темната страна на земјата 1/2 од времето. За време на темниот период, може да се видат грмотевици и светлината во градовите.

Scroll to Top