(Видео) Насилник со питон тепаше маж на улица

Маж од Торонто е уапсен откако среде улица нападна и претепа друг минувач со питон. Полицијата добила пријава дека насилник им се заканува на луѓето со змија во близина на раскрсница среде полноќ.

„Дојде до физичка пресметка и мажот го употреби питонот да ја нападне жртвата“, соопштија од полицијата.

На видеото кое се шири по интернет се гледа насилникот како мава со змијата и со неа го удира другиот човек. Жртвата се обидува да се одбрани, но насилникот продолжува да го мава со змијата.

Брзо потоа стигна полицијата и ги прекина. Го натера насилникот да легне на земјата, додека питонот се обидува да побегне. Мажот е обвинет за напад со оружје и злоставување на животни. Судот му одреди и притвор.

Scroll to Top