(Видео) Насилници тепаат маж на улица додека девојка ги моли да престанат

На „Инстаграм“ страната Moj_beo_grad е објавено видео на кое се гледа како пет, шест насилници тепаат маж на улица покрај автопат. Лицето кое го објавило објасни дека инцидентот се случил викендов покрај пат во Белград.

„Додека се движев кон клубот Drugstore забележав од спротивната страна на улицата покрај Мото клубот Безбедност, како пет, шест насилници тепаат маж. Му удираа боксови и клоци и го маваа со стапови. Видеото го снимив само 30 секунди затоа што се плашев да не ме видат. Кога престанав да снимам продолжија да го удираат и тепаат уште четири до пет минути. Забележав како некои си заминуваа па доаѓаа други да го удираат. Имаше и една девојка која залудно се обидуваше да ги спречи. На крајот се повлеков и заминав на журка во Drugstore, а затоа што инцидентот се случи покрај пат, некои од таксистите и возачите им свиреа, но не знам како заврши целата работа на крај и не познавам никого од луѓето на видеото. Не знам ни дали полицијата реагирала и не знам дали некој е посериозно повреден“, стои во објавата.

Scroll to Top