(Видео) Настраданите деца од Турција со цртање графити ја лечат траумата од земјотресот

Сликањето мурали на ѕиднините од урнатините за илјадници деца кои настрадаа во земјотресите во Турција се применува како терапија за ослободување на стресот и начин да ја надминат траумата.

Програмата за курсеви за цртање графити се спроведува во областа Ислахије и Газиантеп под покровителство на Министерството за млади и спорт на Турција, а проектот го води уметникот и учител Шенол Каракаја.

Оваа кативност била применета како активноста на нивната работилница и ги учат децата да цртаат графити како терапија за да им помогнат да ја надминат траумата и да помогнат во менталниот развој по проблемите што ги имаат по земјотресот.

„Ги сликаме ѕидовите за да ги допреме душите на децата, да им донесеме насмевки на лицата и да им ги залечиме раните. Гледаме дека тоа се деца кои се несигурни и се плашат да излезат, но се радуваат кога доаѓаат овде и си играат со боите“, рекол Каракаја.

Целта им е да го одржат моралот и мотивацијата кај децата на високо ниво, Каракаја рече дека секојдневно работат со групи од 50 деца. Работат на визуелни елементи што би им овозможиле на децата во својата имагинација да ја отворат вратата на новиот свет, а не на траумата од земјотресот.

 

Scroll to Top