(Видео) Натпреварот меѓу Партизан и Реал Мадрид го следеа рекордни 20.068 гледачи

Натпреварот меѓу Партизан и Реал Мадрид го гледаа 20.068 гледачи што претставува рекордна посетеност на еден меч во Евролигата. Салата беше целосно исполнета до последното место.

Претходниот рекорд беше срушен само три дена претходно кога Партизан ја дочека Барселона. Натпреварот против каталонскиот клуб го следеа 20.041 навивач.

За потсетување Партизан го победи Реал Мадрид со 104:90 и речиси со сигурност обезбеди пласман во плеј-офот.

Scroll to Top