(Видео) Навивач влезе на терен на фудбалски натпревар и уби тројца играчи

Трагедија се случи на фудбалски натпревар во Бразил. Навивач влезе на терен пред изведувањето на пеналите и уби тројца фудбалери. Инцидентот се случи на крајот на јануари годинава за време на натпревар меѓу аматерски екипи, пренесе бразилскиот медиум UOL.

Како што пренесува, станува збор за пресметка на криминални групи.

„Пеледао е шампионат со традиција повеќе од 50 години. Сите сакаат да учествуваат и да ја освојат титулата, а на турнирот има повеќе од 1500 екипи поделени по категории. Семејствата доаѓаат да ги гледаат децата. Но, од пред 10 години, криминални фракции почнаа да составуваат екипи и да им се закануваат на судиите и манипулираат со фудбалерите. Почнаа да ги тепаат, а екипата која игра против тие фракции веќе знае однапред дека мора да изгуби“, рече еден од сведоците на теренот.

Scroll to Top