(Видео) Навивачи во Доха пееја и го скандираа името на Марадона: Одбележани две години од смртта на фудбалерот

Неколку илјади аргентинските навивачи спонатно се собираа на плоштадите во Доха за да одбележат две години од смртта на легендарниот фудбалер Диего Марадона.

Улиците на Доха беа преплавени со аргентински знамиња, додека голем број аргентински навивачи го скандираа името на Марадона и пееја песни во негова чест.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рече дека Марадона е бесмртен и најави оти на секое Светско првенство во иднина ќе има ден резервиран за сеќавање на легендарниот аргентински фудбалер.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар во својот дом во Буенос Аирес додека се рехабилитираше од операција на мозокот.

Scroll to Top