(Видео) Навивачите на Саудиска Арабија станаа хит на Тик-ток

Победата на Судиска Арабија против Аргентина на Светско беше изненадување и за самите Саудијци, судејќи по тоа како ја прославија победата во фан-зоната во Катар.

Облечени во нивните препознатливи кандури со марами, Саудијците се журкаа на познатиот хит Freed from desire, а во еден дел од песната кога нема текст беа и најгласни.

Инаку, врховниот монарх на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз, ја прогласи среда за национален празник и неработен ден поради триумфот над Аргентина на Светското првенство.

За Саудијците ова е втора победа во историјата на светските првенства, а по триумфот се пласираа на првото место во групата Ц.

@os.sksk من قلب الملعب الف مبروووك للمنتخب 💚🇸🇦 #اسامه_داود ♬ original sound – Osama Dawood

Scroll to Top