(Видео) Нина од Нови Сад од продажбата на крофни, собра пари за лекувањето на нејзиниот татко

По информацијата дека Нина Нинковиќ од Нови Сад продава крофни за да собере пари за лекување на својот болен татко, денеска на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат бескрајни редици луѓе кои стојат во ред за крофни пред нејзиниот штанд.

Мајката на Нина објави дека парите се собрани и дека Нина и денеска ќе продава крофни, а потоа ќе замине во Москва каде ќе се лекува нејзиниот татко.

„Не се плашиме од патот таму, најдовме луѓе кои ќе ни помогнат. Собираме уште неколку документи и одиме таму, па потоа ќе објавиме во која болница сме, а преку социјалните мрежи ќе објавиме и проценка колку чини и ќе контактираме со сите ако треба пари, а ако има премногу пари ќе ги поделиме на другите корисници на фондацијата“, изјавила за Телеграф мајката на Нина.

Девојчето го воодушеви регионот со идејата да продава крофни за да собере пари за операцијата на нејзиниот татко, а крофните ги печеле нејзината мајка и баба. Нина ги продаваше по цена од 100 динари.

Толку голем број новосаѓани денеска чекаа на ред да и помогнат на Нина да собере пари за нејзиниот татко, а активирана е и СМС линија за донирање пари.

„Отпрвин сакав да продавам крофни за џепарлак. Но се сетив дека можам да му помогнам на тато и да соберам пари што е можно поскоро за неговите лекови. Така почнав да продавам за него”, изјавила Нина.

Блиц вчера напиша дека сега им е потребна помош во подготовката на крофните, кои се продаваат побрзо отколку што може да ги направи нејзината мајка, но сега и соседите се понудиле да помогнат.

Во 2016 година, таткото на Нина го изгубил видот поради одлепување на мрежницата. Во март повторно се појавила аблацијата и била дијагностицирана симпатична офталмија и панувеитис, а животот на Зоран бил загрозен, пишува Блиц.

По лекувањето во Србија, на Зоран му е потребна помош за да може да замине на лекување во Москва. Потребни се средства за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лекување во земјата и странство, како и за патни трошоци и сместување.

Scroll to Top