(Видео) Нов трејлер за продолжението на „Брзи и бесни“

Објавен е трејлерот за новиот, десетти дел од филмот „Брзи и бесни“ наречен „Брзи икс“, со Вин Дизел и Џејсон Момоа во главните улоги.

Во трејлерот може да се види дека Момоа, кој се прослави со улогата на Аквамен и Кал Дрого во „Игра на тронови“, ќе биде главниот негативец по име Данте, а во филмот покрај Дизел, Шарлиз Терон, Хелен Мирен, Бри, ќе се појават и Ларсон, Мишел Родригез, Тајрис Гибсон, Лудакрис, Сунг Канг и Натали Емануел.

Филмот ќе започне да се прикажува на 19 мај, а фановите, барем ако им се верува на коментарите под трејлерот на YouTube, со нетрпение го очекуваат.

„Ме воодушевува, колку и да снимат од овие филмови, секогаш едвај го чекам следното продолжение“, „Пораснав со овие филмови и искрено едвај чекам да излезе новиот“ , „Ова продолжение изгледа сосема поинаку од претходните, повеќе е приземјено“, „Едвај чекам да излезе ова, тоа е мојата омилена франшиза“, „Овој филм мора да се види во кино“, се само дел од коментарите.

 

Scroll to Top