Нов тренд се шири на популарната апликација Тик ток, на која сега за младите станува популарно да се снимаат како си даваат отказ од работното место. Некои од нив се снимаат, а некои пренесуваат во живо. Сметаат дека на овој начин ќе ја добијат поддршката од милионите корисници.
Тес Брајгам, на која и е позната оваа состојба, смета дека е добро тоа што младите зборуваат за себе и за своите права. На тој начин тие ги израсуваат и своите чувства и за нив е природно, јавно да споделуваат приватни моменти во животот. Според неа, на овој начин се создаваат реални промени во културата.
@durbinmalonsterQuitting my corporate stable job that I love in this economy??? Y’all should have seen my dads face when I told him hahaha.
Ги советува младите дека треба да се фокусираат на тоа како да ги покажат своите вештини и да ги надминат предизвиците и бидат издржливи кога работите не одат како што сакаат.
„Младите најчесто имаат проблеми кога знаат дека имаат една шанса да остават впечаток на работното место и сакаат таа да се заснова на нивните вештини и способности, а не врз постапките на лошиот претпоставен или неправедната работна средина“, вели Тес.
За потсетување, ознаката „квитток“(„quittok“), моментално има повеќе од 50 милиони прегледи на ТикТок, што покажува дека многумина ја следат оваа содржина.
@humzazafarbnb How I Called My Boss and Quit The 9-5 #airbnbbusiness #rentalarbitrage #airbnbarbitrage #airbnbautomated ♬ RAVE – Dxrk ダーク