(Видео) Новак Ѓоковиќ го имитира Медведев во Монте Карло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заедно со синот Стефан синоќа го гледаше мечот меѓу Монако и Партизан во Евролигата, а денеска беше дел од промоцијата на Мастерсот во Монте Карло.

Во таа прилика Ѓоковиќ се пошегува на сметка на Давид Медведев, кого го имитираше, што предизвика смеа кај присутните.

Исто така, Ѓоковиќ во еден момент го повика својот син Стефан да му се придружи на теренот и да размени неколку удари со Синер – додека светскиот рекет број еден го изигра тренерот.

Да потсетиме, Ѓоковиќ двапати го освои Мастерсот во Монте Карло, но последната титула ја освои во 2015 година. Овојпат ќе имаат нешто полесна задача, бидејќи учеството го откажаа Рафаел Надал, Карлос Алкараз и Феликс Огер-Алиасим.

Scroll to Top