(Видео) Нутриционистка се онесвести во емисија во живо

Нутриционистката Тереза Кокаро се онесвестила во емисија во живо. Во вторникот изгубила свест за време на телевизискиот пренос во емисијата Buenos Dias America. Додека зборувала за исхраната за децата, почнала да превртува со очите, па паднала.

„Ако сакаме да ги замениме засладувачите или шеќерот, треба да почнеме да користиме кокос, горчливо какао, цимет. Во ред е ако детето оди на роденден и јаде нешто слатко“, рече Кокаро, пред да почне да губи свест.

Во истиот момент водителките побрзале да ѝ помогнат, а програмата била прекината. Подоцна објавија дека Кокаро се чувствува добро. Лекарите ја советувале да направи кардиолошки прегледи. За потсетување, сличен ваков инцидент се случи неодамна и со водителката Џули Чин, додека зборуваше за откажаното лансирање на ракетата на НАСА. Додека одеше емисијата во живо, доживеа мозочен удар.

Scroll to Top