(Видео) Објавен трејлерот за филмот „Барби“, за два часа го гледале половина милион луѓе

„Варнер Брос“ го објави трејлерот за филмот „Барби“ кој е во режија на Грета Гервиг, а сценариото на нејзиниот партнер Ноа Баумбах и Гервиг.

На почетокот на најавата, британската актерка Хелен Мирен зборува за праисторијата на куклите во човештвото и важноста на Барби како возрасна жена, а не како кукла.

Засега, малку е познато за заплетот на филмот, во кој глуми Маргот Роби како иконската кукла Мател и Рајан Гослинг како нејзиното момче Кен. Во филмот се појавува и актерот Симу Лиу. Првиот трејлер предизвика големо внимание – за само два часа по објавувањето, го погледнаа речиси половина милион луѓе.

„Барби“, произведен од познатиот производител на кукли Mattel, ќе излезе на 21 јули 2023 година.

Scroll to Top