(Видео) Оклахома победи на првата американска верзија на Евровизија

Алекса од државата Оклахома победи на првата американската верзија на Евровизија, Аmerican Song Contest. Таа победи со песната Wonderland и имаше 710 поени, двеста повеќе од второпласираниот Рикер Лонч од Колорадо.

Во финалето пееја и претставниците на Кентаки, Тексас, Американска Самоа, Конектикат, Алабама, Северна Дакота, Тенеси и Вашингтон. Трет беше Џордан Смит од Кентаки со 407 поени.

Водители на големото музичко натпреварување, каде што секоја сојузна држава имаше свој претставник, беа Кели Кларксон и Снуп Дог.

Scroll to Top