(Видео) Остатоци од змеј стар 86 милиони години откриени во Аргентина

Фосилизирани остатоци од огромен летечки змеј стар 86 милиони години, биле откриени во Аргентина. Змејот које уште познат и како „Змеј на смртта“ живеел во времето на диносаурусите. Бил долг 9 метри, што го правело најголемиот петросаурус откриен во Јужна Америка.

Тој бил еден од најголемите летечки ‘рбетници кој некогаш живееле на Земјата. Истражувачите велат дека овој змеј претстатвувал застрашувачка слика додека го ловел својот плен од небото.

Се проценува дека живеел најмалку 20 милиони години, пред Астероид ја удри Земјата на денешниот мексикански полуостров Јукатан. Овој астероид збришал околу три четвртини од животот на планетата пред 66 милиони години.

Тим на палеонтолози ги откриле фосилите во провинцијата Мендоза во Аргентина. Водачот на проектот, Леонардо Ортиз рече дека поради карактеристиките на фосилите кои никогаш претходно не биле видени ова суштество добило новото име на род и вид.

Тоа е име кое потекнува од старогрчкиот збор за смрт thanatos и змеј drakon.

„Се чини дека е соодветно да го викаме така. Тоа е змеј на смртта“, рече Ортиз од Националниот универзитет Кујо во Менодоза. Рептилот бил долг како жолт школски автобус. Се проценува дека кога ќе ги раширел крилата, тие биле долги околу 9 метри.

Тимот на палеонтолози досега успеале да откопаат 40 коски и фрагменти. Велат дека огромните коски на фосили го квалификуваат како нов вид, како најголем птеросаурус досега откриен во Јужна Америка и еден од најголемите пронајдени било каде во светот.

Истражувачите откриле дека карпите кои ги сочувале остатоците од рептилот, датираат пред 86 милиони години, од периодот креда, кој траел од пред околу 145 до 66 милиони години.

„Засега немаме податоци за ниту еден близок роднина, кој дури би имал модификација на телото слично на овој ѕвер“, рече Ортиз.

Scroll to Top