(Видео) Отворен е леден хотел во Шведска во кој се спие на -5 степени

Хотел со ледени скулптури е отворен во Шведска. Хотелот „365“, се гради и реконструира од 1989 година.

Хотелот е сместено во селото Јукасјерви, 200 километри северно од Арктичкиот Круг.

Овој хотел секоја година се реконстуира, а во неговата изградба на 33.издание учествувале 24 -ца уметници од десет земји. Хотелот има 13 уникатни апартмани, од кој еден е луксузен.

Температурите во хотелот се одржуваат на -5 Целзиусови степени. Од хотелот препорачуваат да се остане една ноќ во ледена соба, а остатокот во придружните топли соби.

 

Scroll to Top