(Видео) Песочна бура го погоди Дубаи

Песочна бура го погоди Дубаи во неделата. Итните служби предупредија на потенцијална опасност, а предупредија и од Националната управа за вонредни ситуации и катастрофи.

„Сите локални и национални тимови се високо подготвени да обезбедат ефикасен и правилен одговор на сите ризици што може да произлезат како резултат на состојбата“, предупредија од Националната управа за вонредни ситуации и катастрофи.

Дополнително, Министерството за внатрешни работи преку „Твитер“ повика на внимателност на патиштата бидејќи видливоста падна под еден километар во Абу Даби и Дубаи во неделата.

„Силна песочна бура ги покри Обединетите Арапски Емирати. Подрачјето на Абу Даби и Дубаи се покриени со дебел слој прашина, по што метеоролозите предупредија на песочна бура и во Северните Емирати“, пренесе Arab News.

Возилата поради слабата видливост на улиците се движат побавно низ заливскиот емират Дубаи. Откако големи делови од Обединетите Арапски Емирати беа зафатени со прашина и песочни бури, властите повикаа на претпазливост на патиштата.

Видеа од песочната бура беа објавени на „Твитер“.

Scroll to Top