(Видео) Пијан маж ја фаќа пејачката па изби тепачка на сцена

Пијан маж почнал да ја фаќа мексиканската пејачка Хајди Инфанте, внуката на познатио мексикански глумец Педро Инфанте, додека настапувала на сцена на една забава. Напаѓачот бил Кубанец, Јиан Лопез Семанат, кој без дозвола се качил на сцената.

На почетокот Хајди почна да танцува со него, а кога и го зема микрофонот почна да ги удира членовите од бендот по глава. Хајди почна да го удира по задникот за да го избрка, по што Јиан ја фатил за меѓуножјето. Одма настана општа тепачка.

Некои од медиумите пренесоа дека Јиан бил еден од членовите во бендот, но Хајди ги демантираше овие информации и објасни дека никој не му дал дозвола да се качи на сцената. Полицијата во меѓувреме го уапси Јиан, а потоа бил и ослободен.

Секретаријатот за граѓанска безбедност (СГС) суспендирал двајца полицајци кои биле задолжени за безбедноста за време на настанот.

Scroll to Top