Полицајци облечени во костими на суперхерои, апсеа дилери во Перу. Тие се маскираа во ликовите од познатата „Марвел“ франшиза и почнаа да ги бркаат криминалците и дилерите во градот Лима.
Некои од нив беа преправени во Спајдермен, Капетан Америка, Тор и Црната вдовица. Во полициската акција беа претресени повеќе куќи во населбата Сан Хуан де Луринганчо, пренесе „Би-би-си“.
Името на акцијата била наречена „Марвел“. Биле уапсени четири лица и заплнети 3250 пакети кокаин, како и вреќички со марихуана и кокаин.
Целата акција се одвивала за Ноќта на вештерките, па затоа полицајците одлучија да облечат костими од суперхерои.