(Видео) Полицајци маскирани во суперхерои за Ноќта на вештерките апсеа дилери во Перу

Полицајци облечени во костими на суперхерои, апсеа дилери во Перу. Тие се маскираа во ликовите од познатата „Марвел“ франшиза и почнаа да ги бркаат криминалците и дилерите во градот Лима.

Некои од нив беа преправени во Спајдермен, Капетан Америка, Тор и Црната вдовица. Во полициската акција беа претресени повеќе куќи во населбата Сан Хуан де Луринганчо, пренесе „Би-би-си“.

Името на акцијата била наречена „Марвел“. Биле уапсени четири лица и заплнети 3250 пакети кокаин, како и вреќички со марихуана и кокаин.

Целата акција се одвивала за Ноќта на вештерките, па затоа полицајците одлучија да облечат костими од суперхерои.

 

Scroll to Top