(Видео) Полицајци во Њујорк спасија маж што заглави на шините пред да помине воз

Полицијата на Њујорк објави видео на кое се гледаат двајца службеници како спасија маж кој беше заглавен на шините во подземната железница во Харлем, во моментите кога минуваше воз. Откако паднал на шините, голем број граѓани и двајца полицакци во последен момент побрзаа да му помогнат.

Локалните медиуми пренесоа дека човекот случајно паднал и благодарение на храброста на полицајците и случајните минувачи е извлечен на сигурно. Инцидентот се случил во четвртокот, а полицијата рече дека мажот бил однесен во болница поради повреди на раката и грбот.

Scroll to Top