(Видео) Поранешната учесника на „Гранд“ од Македонија, Каролин Велковски ја објави првата песна на македонски јазик

Каролин Велковски(26) која живее во Виена со потекло од Охрид и Прилеп е новата надеж на македонската забавна сцена. Вели дека за местото на живеење е малку дискутабилно да се зборува бидејќи со дечко фудбалер и настапи насекаде низ Австија и Македонија неможе да живееш на едно место.

Градови кои за неа се втор дом се Скопје, Мадрид и Пула, а денес живее на релација Австрија, Чешка и Македонија.

Каролин е правничка која има завршено два факултета, економија со маркетинг и правен, а долго време работела во адвокатска канцеларија. Музиката и танцот отсекогаш и биле неостварена желба.

Пејачката јавноста имала можност да ја запознае во шоуто  „Ѕвездите на Гранд” во сезона 2021\22, каде стигнувала до третиот круг. На шоуто се претставила со македонска народна песна, при тоа добила добри комплименти за нејзините настапи во шоуто.

Таа во октомври минатат година ја снимила нејзината прва песна на српски јазик со наслов „Играрије”, на која работела со српски тим на автори.

„Зора” е нејзината втора песна, а прва на македонски јазик. Песната е во поп-ориентал стил, летна песна која е со модерен ритам и впечатлив рефрен кој влегува во уво, асоцира на рано утро, сонце, уживање, љубов, лето.

 

Scroll to Top