Поранешниот голман Шака Хислоп, колабираше за време на пријателскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и Милан, кој синоќа се одигра во Калифорнија. Хислоп додека зборуваше во програма во живо, падна пред водителот кој го најавуваше натпреварот.
Хислоп долго време работи како стручен аналитичар за телевизиската мрежата „ЕСПН“ а, синоќа пред мечот на двата европски клуба со колегата Ден Томас, во живо го најавуваа натпреварот.
Сѐ одеше добро додека Хислоп не почна да се занесува. Томас му поставуваше прашање, кога оддеднаш Шага почна да губи рамнотежа. Томас потресен брзо повика помош.
Програмата беше прекината, а дури на паузата меѓу двете полувремиња Ден Томас се огласи за инцидентот.
🚨💉 Ex Newcastle Utd Star Shaka Hislop working for ESPN collapses live on TV.
He’s now in a stable condition.
This is not normal.
Government & Health Officials need an URGENT Investigation into why this is happening & excess mortality levels.
They don’t because the answer… pic.twitter.com/luOjfXOrr8
— Concerned Citizen (@BGatesIsaPyscho) July 24, 2023
„Полувреме овде на ‘Роуз боул’, Милан води со 2-0 против Реал Мадрид, но секако, тоа е споредно во однос на тоа што се случи пред натпреварот. Секако, мојот колега Шака не е овде, но имам добри вести. Тој е свесен и зборува. Мислам само дека е малку засрамен од сето ова. Се извини најискрено. Тој не е човек кој сака да се крева врева за него. Секако, сега е уште рано да се каже каква било дијагноза, но најважното е дека Шака е свесен. Зборувавме и со семејството, бидејќи можете да замислете, да видете такво нешто во живо, многу работи ќе ве уплашат. Зборувавме со сопруга и работите се во ред“, рече Томас.
За потсетување, Хислоп од 2008 работи како аналитичар во „ЕСПН“. Претходно бранеше во Њукасл, Вест Хем и во Портсмут во Премиерлигата, а пред тоа и во Рединг во Чемпионшип дивизијата. Иако е роден во Англија, беше репрезентативец на Тринидад и Тобаго во перодот од 1999 до 2006 година.