(Видео) Последниот лет на кралицата Елизабета Втора го гледале над пет милиони луѓе

Околу пет милиони луѓе го гледаа летот на кралицата Елизабета Втора додека ковчегот со посмртните останки беа пренесени од Единбург, Шкотска во Лондон.

Веб-страницата која ги следи летовите на авионите ширум светот Flightrader24, објави дека 4,79 милиони луѓе го следеле летот онлајн, и четвртина милион преку Јутјуб.

По цели седумдесет години од првиот лет на кралицата Елизабета, последниот лет е најследен лет во историјата на овој веб-портал, изјавил директорот за комуникации на компанијата.

Scroll to Top