(Видео) Премиера на македонскиот филм „Снежана на крајот умира“

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ на 6 октомври ќе има премиера во Синеплекс. Филмот во режија и по сценарио на Кристијан Ристески имаше светска премиера на фестивалот „Слемденс“ во САД.

Режисерот Ристески за филмот вели дека е приказна за човечката добрина, пристојноста, интегритетот, надежта и радоста на животот.

Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски.

„Ова е асоцијална драма со апсурдна комедија, која се занимава со тоа колку е ужасно тешко да се остане чесен и верен на своите вредности во морално корумпирана средина. Филмот е составен од три испреплетени приказни за три групи луѓе, една мува, едно прасе, една клозетска шолја и еден град, чии патишта се допираат и влијаат еден на друг“, велат продуцентите.

Филмот во македонско-кипарска копродукција минатиот месец беше имаше македонската премиера на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Scroll to Top