(Видео) Претставникот на Франција победи на Јуниор Евросонг, Македонија е четиринаесетта

Лисандро, претставникот на Франција, победи на 20. издание на Јуниор Евросонг, што се одржа во Ереван, Ерменија. Тој освои 203 поени од жирито и гласовите на „Фејсбук“ за песната Oh Maman. Лара, Ирина и Јован со песната „Животот е пред мене“ завршија на 14. место со 54 поени.

Во музичкото шоу годинава учествуваа претставници од 16 земји. Натпреварот почна со дефилето на земјите учеснички и песната Spin the Magic, која ја испеаја сите натпреварувачи.

Во ревијалниот дел настапи ланската победничка Малена, која ја испеа нејзината нова песна Can’t Feel Anything. По неа Розалин, која ја претставуваше Ерменија на годинашниов Евросонг, ја испеа нејзината хит-песна Snap.

Роботот Робин, кој беше еден од четворицата водители на шоуто, ја раскажа приказната за Јуниор Евросонг. На сцената со детскиот хор од Ерменија се појавија неколку победници од изминатите дваесет години, кои ги пееја рефрените од своите песни.

Претседателот на жирито откри дека годинава на Јуниор Евросонг гласале фанови од 187 земји, а не само од шеснаесетте земји учеснички.

(Видео) Лара, Ирина и Јован имаа топ настап на Јуниор Евросонг

 

Scroll to Top