(Видео) Презентерка во Јапонија почна да плаче додека читаше вести за Путин

Презентерка на дневник во Јапонија, почна да плаче додека читаше вести за рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина. Таа почна да плаче додека известуваше за тоа како Путин ги одликувал војниците кои неодамна војувале во украинскиот град Буча.

Некои од фановите ја поздравија и напишаа дека станува збор за природна човечка реакција, додека други пак коментираа дека станува збор за Путинов цинизам.

За потсетување, Путин им оддаде признание на војниците од една од неговите руски бригади кои учествува во регионот во Киев. Некои од светските медиуми пренесоа дека во Буча беа направени невидени злосторства над цивили, додека други ги демантираа ваквите информации.

Scroll to Top