(Видео) Првото видео објавено на „Јутјуб“ во 2005 се гледа и денес

Приказната за тоа како основачите на „Јутјуб“ се сетиле да ја создадат платформата е интересна и денс. Еден од нив, Карим Џавед, не можел да најде видео од настапот на Џенет Џексон на „Супер боул“ во 2004 година, кога пејачката имала проблем со гардеробата.

Така, Џавед дошол до идеја да направи веб-страница за споделување на видео содржини. Другите двајца основачи имале идеја „Јутјуб“ да стане страница за запознавање преку видео.

Првото видео кое било објавено на платформата е наречено „Јас во зоолошка градина“ . Трае 18 секунди, а во него е еден од основачите на каналот е во посета на зоолошка градина.

Видеото се гледа и денес. Досега има над 240 милиони прегледи, а објавено е на 28 април 2005 година.

Scroll to Top