(Видео) Првпат се родија четири бебиња пингвини во скопската зоолошка

Во скопската Зоолошка градина првпат се родија пингвини. Четири бебиња пингвини, се родиле во јануари од два пара родители.

„Бебињата дојдоа на свет на шестти, седми, осми и десетти јануари 2023 година од два пара родители. Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица“, информираат од скопската Зоолошка.

Од таму објавија и видо на целиот процес од раѓање, растење и развивање на на бебе пингвините.

Scroll to Top