(Видео) Псај има нова песна „That That“ со над 50 милиони прегледи

Јужнокорејскиот пејач Парк Џи Сенг, познат како Псај го објави новиот 9. албум со дванаесет песни. “That, that“ е новата песна на Псај за која на социјалните мрежи се објавуваат видеа со кореографија.

Тој работел долго време на овој албум и се радува што многу млади луѓе работеле со него и му помогнале да се врати повторно на сцената. Псај на прес конференција по повод новиот албум изјавил дека веќе имал снимено видео спотови кои се стари две до три години.

„Гангам стајл“ песната која се појави во 2012 и со која Псај доживеа најголема популарност, денес има околу 4 билиони прегледи на Јутјуб. Видеото за оваа песна беше прогласено за највирално.

Песната која официјално беше објавена на Јутјуб на 29 април, за неколку дена надмина  52 милиони прегледи.

Scroll to Top