(Видео) Ретка црвена поларна светлина се појави во Финска

By

Околу Арктичкиот круг во Финска на 22 октомври е забележана поларна светлина дополнета со црвени аурори. Ова е невообичаена појава, а според локалните жители, ваквата црвена поларна светина исклучително ретко се гледа со голо око. Поларната светлина се појавува во неколку нијанси на бои, но најчесто зелена, дополнета со малку бела и сина.

dobivaj vesti na viber

Поларна светлина е природна појава која настанува при судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Оваа светлина е позната и како поларна аурора.

Ќе ви се допадне