(Видео) Ролеркостер се расипа среде возење па луѓе виселе на 72 метри

Најголемиот ролеркостер во Велика Британија се расипа по вторпат во период од само две недели, откако заглави додека се движел со брзина од 74 милји на час на висина од 75 метри. За среќа во инцидентот нема повредени, а луѓето кои се возеле морале преку скалите да се симнат на земја.

„Ролеркостерот заглави попладнето околу 15 часот на 23 април. Дојде до мали технички проблеми во безбедносниот систем“, рече портпаролот на плажата Блекпул каде се случи инцидентот.

Висината на тобоганот е околу 72 метри, а работниците им помогнале на посетителите безбедно да се симнат. Како што објавија службите, обучен персонал безбедно ги симнал сите патници во период од 30 минути, пренесе „Дејли Мејл“.

Претходно месецов, истиот тобоган заглави додека беше на врвот на жичарата. На 11 април, персоналот ги замоли сите посетители да се симнат, а ролеркостерот остана затворен до крајот на денот.

Овие два инциденти не се први. Само два месеци по отворањето во 1944 година, 26 лица биле повредени, откако кочниците на еден од вагоните откажале, па истиот тој удрил во друг. Во вториот судар во 2000 година биле повредени 16 лица. И во тој случај кочниците откажале.

 

Scroll to Top