Рускиот милијардер Алишер Усманов остана без својата суперјахта „Дибар“ откако му ја запленија властите во Германија. Таа се смета за најголема суперјахта на светот по обем, со должина од 156 метри. Има базен долг 25 метри и два хелиодроми, а според проценките, вреди помеѓу 600 и 750 милиони долари.
Германија ја заплени јахтата, откако по спроведената истрага утврдија дека нејзиниот законски сопственик е Гулбахор Исмаилова, сестрата на Усманов. Таа се најде под санкции откако утврдија дека олигархот индиректно пренесува имот преку неа, меѓу кои и суперјахтата која се наоѓаше во Хамбург поради реновирање.
Усманов има блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и неговото богатство се проценува на повеќе од 18 милијарди долари. Тој е под санкции на ЕУ од 28 февруари, додека САД и Велика Британија го ставија под санкции во март.