(Видео) Се онесвести војник кој го чуваше ковчегот на кралицата

На социјалните мрежи се појави видео на кое војник кој го чува ковчегот на кралицата колабира и паѓа на земја. Војникот се онесвестил во раните утрински часови покрај ковчегот што цела ноќ го посетувале Британци кои со часови стојат во километарска линија за да и оддадат почит на починатата кралица.

Додека војникот паѓа на земја, неколку полицајци се обидуваат да му помогнат, додека останатите дежурни стражари беа на висина на својата должност според протоколите кои мора да почитуваат.

Британските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил на смената на гардата, додека Би-Би-Си го прекина преносот од Вестминстер и покажа друг кадар.

Scroll to Top