(Видео) Се онесвести војник на церемонијата за крунисувањето на Чарлс Трети

Војник кој присуствуваше на почесната церемонија за крунисувањето на Чарлс Трети во замокот Кардиф во Велс, падна во несвест, а потоа беше собран од двајца војници и онесвестен одвлечен низ калта.

Војникот е припадник на 104. полк на кралската артилерија кој за време на кралската церемонија во чест на крунисувањето на кралот Чарлс се онесвести и падна со глава во калта. Беше на самиот крај од редот и му падна и капата. Војниците мироно стоеа и продолжија со церемонијата, пред двајца војници да стигнат до онесвестениот маж и да го подигнат, а потоа го однесоа на страна.

Видеото се споделуваше на социјалните мрежи, а многу корисници на Твитер изразија сочувство за војникот, додека други напишаа дека сигурно ќе му дадат смешен надимак по својот колега.

Сличен инцидент се случи и во септември минатата година кога војникот кој го чуваше ковчегот на кралицата Елизабета падна во несвест, а подоцна беше откриено дека колабирал од исцрпеност.

Scroll to Top