(Видео) Седумдесет и шестгодишен старец не се откажува од животот иако целиот го минал во кутија дишејќи со метални бели дробови

Седумдесет и шестгодишниот Пол Александар, речиси целиот живот го минал во специјална кутија, со чија помош можел да дише. Имал само шест години кога лекарите му дијагностицирале детска парализира. Во 1952 година го ставиле во таква кутија наречена вештачко белодробно крило. Оттогаш е во неа.

Но, и покрај тоа што останал во неа повеќе од 70 години, не сака да се откаже од животот. Дваесетите години од минатиот век бил период кога детската парализа однела голем број млади животи. Илјадници луѓе починале или останале неподвижни од оваа болест.

Технологијата не била на напредно ниво, па лекарите во тој период се одлучувале да им ставаат на пациентите таканаречени железни бели дробови. Александар имал само шест години кога го ставиле во таканаречената кутија со железните дробови.

По пет дена ги загубил моторните функции, а неговата способност да дише постепено се намалувала. Паднал во кома ѝ се разбудил во железни бели дробови, опкружен со медицински персонал. Не можел да се движи. Бил парализиран од вратот надолу, а во металната кутија живее до ден-денес.

Сепак ова никогаш не го спречило да живее и не се откажал.

„Правам сè што прави нормалниот свет: Кога ќе се разбудам, ги мијам забите, појадувам, се бричам ѝ го мијам лицето, читам, гледам телевизија и фотографирам“, рече Пол.

Со години користи држач со заби. Со него ги користи четкатата, а ги врти и страниците на книгите. Користи и компјутер. Многумина, гледајќи го како се мачи мислат дека е најнесреќниот човек на планетата, но Пол вели дека е еден од среќниците кои успеале да преживеат.

Никогаш не сум се откажал и ниту ќе се откажам“, им рече на новинарите.

Scroll to Top