(Видео) Секоја есен огромно „смајли“ се појавува во шумата во Америка

Пред околу десет години во американската сојузна држава Орегон неколку дрвја ариш беа засадени во шума со елки наречена Даглас. Тука сега секоја есен таму се појавува огромен, портокалов смајли.

„Смајли е речиси невидлив во текот на пролетта и летото, но изгледа одлично на есен“, пишуваат локалните медиуми.

Се наоѓа на земјиштето на компанијата „Хемптон ламбер“, чија портпаролка Кристин Рамсусен рече дека идејата била на  косопственикот на компанијата и тогашен менаџер во компанијата.  Таа вели дека тие двајца таа година организирале садење ариш при што со јаже се правело круг, но и очи и уста. Дијаметарот на смајлито е долг околу 90 метри.

Scroll to Top