(Видео) Шакари Ричардсон е најбрзата жена во светот

Aмериканката Шакари Ричардсон е новата светска шампионка на 100 метри и тоа со најдобро време во историјата на светските првенства 10.65. Во финалната трка во Будимпешта, беше побрза од спринтерките од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон.

Ричардсон направи покрај златниот медал остваари и личен рекорд и најдобро време на светските првенства, подобар за шест стотинки од досегашниот. За потсетување, Американките водат со 9 титули на 100 метри на Светските првенства. Јамајка има шест.

Scroll to Top