(Видео) Слон кој се забавува со меурчиња од сапуница стана хит на интернет

Зоолошката градина во американскиот град Форт Ворт неодамна на социјалните мрежи објави видео од слон како си игра со меурчиња од сапуница. Вработен во зоолошката градина стои до оградата и држи машина која произведува балони, а слонот се обидува да ги фати со сурлата и да ги изеде.

Зоолошката градина напишала дека слонот се вика Бразос и дека има само 10 месеци.

„Ова беше негова прва средба со меурчиња од сапуница, а во играта беше придружуван од неговата мајка, Блубонет. Видеото е објавено пред неколку дена, а досега го погледнале десетици илјади корисници кои биле воодушевени од животното. „Ова е навистина прекрасно“, „Каква љубов“, „Го обожавам“, „Пресладок е“, напишаа луѓето во коментарите.

Scroll to Top