Неидентификувани летечки објекти или други непознати предмети, се тврдења на луѓето дека виделе вакви натприродни феномени.
Некои веруваат дека постојат други живи суштества надвор од нашата планета кои не посетуваат, додека други се убедени дека тоа е научна фантастика и дека тоа постои само на филмовите.
Американската влада нема објаснување за десетици неидентификувани летечки објекти видени од воени пилоти. Ова беше напишано во извештајот што неодамна го објави Пентагон, во кој се наведени 144 извештаи за овие феномени од 2004 година, од кои сите остануваат необјаснети. Во извештајот не се исклучува можноста дека овие објекти имаат вонземско потекло.
Конгресот побара извештај откако американската војска пријави бројни случаи на предмети кои непредвидливо движеле на небото, по што Пентагон во август формираше посебна работна група за да се испитаат овие извештаи.