(Видео) Со тамбураши во штала Јокиќ го прослави МВП-трофејот

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ и оваа година прими МВП награда, но овој пат ја зема во родниот Сомбор, откако заврши со јавањето на коњи. Наградата му ја доделија тренерот Мајк Мелоун, генералниот директор Келвин Бот и сопственикот на Денвер Стен Кроенка.

Тројцата го изненадија кога му дојдоа на гости. Јокиќ се расплака од возбуда, а пред шталата го чекаше и жива музика.

„Не е можно дека воопшто ќе станам кошаркар и дека ќе играм во НБА лигата, доаѓајќи од овој град, а сега сум дел од најјаката лига во светот“, рече Јовиќ.

Тој на гласањето доби 875 бодови, а веднаш зад него беа Џоел Ембид со 706, додека трет беше Јанис Адетокумбо со 595. Потоа следуваа Девин Букер, Лука Дончиќ, Џејсон Тејтум, Џа Морент, Стивен Кари, Крис Пол, Демар Дерозан, Леброн Џејмс и Кевин Дурент.

Гласовите ги доделуваа повеќе од 100 новинари од САД и Канада.

За потсетување, Јокиќ веќе втора година по ред ја освојува оваа награда и влезе во друштво на Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Меџик Џонсон, Тим Данкан, Стив Неши и други. Тој стана 13-ти играч во историјата со две МВП признанија во низа и само петти центар.

Scroll to Top